Закаснет финиш на дуелот со Чаир, победа на ривалот

🔹️ЖРК Вардар во рамки на плеј-офот го пречека тимот на Чаир. На овој натпревар гостинот победи со 34:37.

🔹️Првиот дел започна со три плус на ривалот при резултат 1-4. Црвено-црните дами успеа да се вратат на гол негатива и намалија на 6-7 некаде околу средината на првиот период на натпреварот. Ривалот беше поконкретен и повторно се одлепи на пауза чаирчанки имаа плус шест на семафорот во салата Круме Кепески стоеше 11-17 за нив.

🔹Во вториод дел продолжи нивната доминација па успеаа да отидат и на двоцифрена предност при резултат ️ 18-28. Потоа следеа минути во кој далеку подобро играше тимот на Анжела Платон постојано имаше намалување на негативата, намаливме дури седум гола до крајот, ама немаше време за изедначување. Победата за гостинот дојде со резултат 34-37.

🔴⚫️Вардар: Кимовска, Ј.Попова 3, Божиновска, Н.Попова, Неделковска 3, Галачева, Илиќ, Голабоска 7, Велјаноска 3, Богоеска 7, Ѓорѓиевска, Франгоска, Поповска, Миленкоска 10, Милевска 1 и Соколовска.