Skip to content
Дома » Вести » ЖРК Вардар е младински шампион, прославивме кај ривалот Ѓ.Петров

ЖРК Вардар е младински шампион, прославивме кај ривалот Ѓ.Петров

    Денес во последното коло од младинската лига, тимот на Вардар гостуваше кај екипата на Ѓорче Петров. Ова требаше да биде одлучувачки дуел за титулата, во истиот ние влеговме со три бода повеќе и победа од 12.гола во првиот меч. Доживеавме само безначаен пораз кој не ја загрози нашата титула.

    Отворивме како што ни доликува, шампионски првата половина на натпреварот ја добивме со три плус, во 16.минута влеговме со 7-10 за нас. Следеше тајм-аут за Симовски, но и гол за плус четири односно 7-11. Домаќинот покажа желба да се врати резултатски и намали само на гол негатива при 11-12 во 22.минута.

    Со две одбрани на капитенот, денес одличната Вероника Ѓорѓиевска и со погодоците на Борјана Коцева по храбар влез, потоа Шехтанска и Тодоровска се одлепивме повторно на четири позитива, 11-15. Па пауза се замина со резултат 13-16 за црвено-црните младинки.

    По шест минути во вториот дел, ривалот имаше напад за да направи пресврт и погоди за 20-19. Точно на половината на вториот дел беше минус три, ѓорчепетровки водеа 24-21. На крајот домаќините побдеија со четири гола, 31-27 тоа беше далеку од 12.плус кои ние ги донесовме од првата средба и овој пораз не влијаеше на одбраната на пехарот. Капитенот Ѓорѓиевска со 12.одбрани и Коцева Бојана со 8.гола беа најистакнати во нашиот тим.

    Вардар: Ѓорѓиевска (12.одбр), Трпкова, Соколовска, Хасаноска, Попова 3, Дамјановска 3, Велјаноска, Коцева Борјана 3, Франгоска, Тодоровска 2,Симоновска, Радевска 2, Миленкоска 4, Милевска и Шехтанска 2, Бојана Коцева 8.