Интересно пионерско дерби Вардар-Металург, ривалот ги освои бодовите

Денес во Круме Кепески, пионерките на Вардар беа домаќини на Металург. Во еден доста динамичен и возбудлив натпревар победата ја освои гостинот со резултат 19-21, црвено-црните пионерки имаа предност по првите 20.минути и на пауза заминавме со 9-7.




Најпрвин гостинот отвори со водство, ние успеавме да влеземе во серија и поведовме со 4-2 со голот на Гроздановска. Во 15.минута со погодокот на Петровска сеуште имавме два плус при резултат 7-5. Се играше еден динамичен дерби пионерски дуел. Сино-белите се заканија да изедначат на 7-7, сепак три напада Живановска одлично одбрани кај нас. Заминавме на пауза со два гола повеќе односно со резултат 9-7.








Вториот дел започна со погодокот за нас преку Смилевска, за прв пат имавме три плус на овој дуел кога поведовме со 10-7. Како минуваше вториот дел противникот полека ја топеше нашата предност и мина во позитива при резултат 15- 19 во 33.минута. Се обидовме ви финишот да ја намалиме истата, дуелот заврши со резултат 19-22.
















На овој натпревар од пионерската женска лига, кај црвено-црните дами Милошевска се истакна со шест гола, два помалку односно четири погодоци на денешното дерби беа дело на Петровска.
Вардар: Живановска, Стамчевска, Гроздановска 4, Тошевска 1, Атанасовска 3, Милошевска 6, Смилевска 1, Здравковска, Мајнов, Петровска 4, Маневска и Переска.