Skip to content
Дома » Вести » Коцева Борјана: Против Ѓорче ќе дадеме максимум

Коцева Борјана: Против Ѓорче ќе дадеме максимум

    Во женската сениорска ракометна лига овој викенд се комплетира есенскиот дел, на програмата е последната 13.рунда . Токму во ова коло има две дерби средби, ЖРК Вардар во еден од тие два дуели настапува како гостин.

    Дербито во гости кај шампионот, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК го најавува нашиот играч, Борјана Коцева која е оптимист пред утрешниот дуел. Македонската репрезентативка Коцева цела кариера е дел од Вардар, клуб во кој ги помина и младинските категории. Нејзиниот квалитет беше препознаен од настапите во вардаровата „Јуниор Лига“



    -Не очекува натпревар против тимот на Ѓорче Петров кој е навистина многу квалитетна екипа. Доста добро се воиграни и имаат поголем ростер на располагање во однос на нашиот тим. На нас ни останува да го дадеме максимумот на овој натпревар и да се надеваме на добар исход.

    Борјана Коцева во националната селеција се препорача со одличната игра во одбраната и нападот на Вардар. Добрите игри ги забележа селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб, кои решија да и дадат шанса за нови настапи.

    -Секогаш ми било и ќе ми биде чест и задоволство да ги бранам боите на Македонија. Тоа чувство едноставно не се опишува, сонот полека ми се остварува. За перформансот, секогаш може подобро, треба да се стремиме на поголеми успеси и достигнувања.

    Нашиот бек дава оценка на она што досега е постигнато во есенскиот дел на дуелите во сениорската и младинската лига, каде речиси со исти ростер настапува црвено-црниот тим.

    -Оваа година во сениорската лига сме најмладиот тим, играме сите девојчиња од младинската лига и плус некои девојки од сениорките. Оваа полусезона можеби не го покажавме нашето најдобро издание, но секогаш има простор за напредок и подобрување. Се надевам на подобри партии во пролетниот дел од сезоната. Во младинската лига сме лидери, кон тоа и целиме, да бидеме прваци.

    После 12.одиграни кола во Супер Лигата, нашата екипа се наоѓа во топ-5 сегментот, нашиот ривал е убедлив лидер без пораз. За очекувањата за продолжетокот на сезоната нашата ракометарка вели.


    -Нашата цел е што подобро да се пласираме оваа сезона и да бидеме во топ-3 екипи оваа сезона. Сезоната сеуште не е завршена, има уште многу натпревари за надигрување и докажување. Иако некои веќе не откажаа во борбата за титулата, нас тоа не ни претставува погазување. Наше е во следната полусезна да играме многу подобро и да се надеваме на повисок пласман.

    На самиот крај Бора има една желба која сака да ја исполни во дресот на Вардар.

    Јас сум дете на Вардар. Моите почетоци се во Вардар и Вардар го сметам како мојот дом. Досега ги имаме освоено сите младински категории. Мојата желба е да ја освоиме сениорката лига и Купот на Македонија.