Браво! Кадетките обезбедија место на Ф-4, со две убедливи победи

Hа возвратниот бараж-натпревар за пласман на Ф-4 турнирот во кадетска конкуренција, Вардар ја пречека Деспина. На оваа средба дојдовме до убедлива победа со резултат 32-16.




Кадетките на Вардар на овој реванш влегоа со голема предност од првиот натпревар во Прилеп. Сепак наметнаа ритам од самиот старт на овој реванш натпревар за пласман на Ф4 турнирот. Црвено-црните дами поведоа со плус пет до 13.минута кога погоди најдобар стрелец од првиот дуел, Ристовска Мила за 8-5. Одлични бевме и во текот на продолжението, полека ја зголемуваме предноста, со гол на Мила Манева прв пат имавме плус осум на седум минути до крајот кога поведовме со 13-5. Одбраната беше на ниво, Миновска впишуваше одбрани на нашиот гол. На пауза заминавме со двоцифрена предност, на семафорот во салата “Круме Кепески” стоеше 16-5 за нас.








Во вториот дел избраничките на Даниела Новеска продолжи со доминација и постепено ја зголемивме предноста над прилепчани. До крајот таа остана двоцифрена и нарасна на 16 погодоци. Победата во овој реванш натпревар дојде со резултат 32-16. Тодоровска Драгана со шест гола беше прв стрелец во нашиот кадетски колектив на овој натпревар. Со победата обезбедивме пласман на Ф-4 завршниот турнир каде ќе ја браниме ланската круна шампион на Република Македонија.












Вардар: Трифуноска 3, Стојанова 2, Тодоровска 6, Балоска 3, Милошевска, Павичевиќ 3, Мила Ристовска 2, Миноска, Петровска 2, Смилевска, Николовска 4, Манева 2, Сара Ристовска 4, Атанасовска 1 и Ангелов.