Пионерките без бодови кај Металург, Петровска стрелец на половина од головите

Пионерската екипа гостуваше кај ЖРК Металург, на дуелот во салата Автокоманда до победа дојде ривалот со резултат 30:14 (13:6).

На почетокот на натпреварот отворивме лошо и со три гола домаќинот успеа да поведе со 3-0. Веднаш Даниела Вељаноска побара минута одмор која вроди со плод. Со погодоците на Гроздановска и Петровска дојде црвено-црниот тим на гол негатива односно на резултат 3-2. Сино-белите одговорија со серија 4-1 и имаа плус четири негде на средината на првиот дел кога погодија за 7-3. Денес не ни идеше најдобро па домаќинот се одлепи и на одмор замина со предност 13-6.

Во вториот дел натпреварот од пионерската лига продолжи по исти терк како и во првиот дел. Петровска Стефанија колку-толку не одржуваше во ритам, таа денес постигна половина од погодоците за вардарки. Вељаноска од клупата даде шанса на целиот ростер кога веќе беше познат победникот, екипата на Металург. Овој натпревар го загубивме со резултат 30-14.

Вардар:М. Петровска , Николовска, Гроздановска 3, Атанасовска, Милошевска, Смилевска, Вељаноска, Мајнов, Тошевска, Херин,С. Петровска 7, Маневска 3 и Настевска.