Вардар донесе млад бек од Куманово, 182 см високата Михајловска

🔷️Црвено-црните кои се шампиони во кадетската лига се засилуваат со голем ракометен потенцијал токму во таа генерација која за брзо ќе претендира и кон сениорската екипа.

🔷️Нов член на ЖРК Вардар е левиот бек ,Ана Михајловска. Таа минува во нашиот тим од екипата на ЖРК Куманово. Станува збор за голем потенцијал и извонреден талент на македонскиот женски ракомет, висока е 182 см со одличен изграден удар, а настапува на левата бековска позиција. Млада е родена е 2010 па може да игра во сите младински категории на нашиот тим.

🔷️Раководството на Вардар продолжува да инвестира особено во кадетскиот шампионски состав каде се прави база за иднината на мак.ракометот, собирајќи дузина квалитетни девојки на исто место.