Skip to content
Дома » Вести » Младинки: Ѓорѓиевска неприкосновена кај голманите, Миленкоска прв стрелец и во ова генерација

Младинки: Ѓорѓиевска неприкосновена кај голманите, Миленкоска прв стрелец и во ова генерација

    Младинките на ЖРК Вардар кои оваа есен ги предводеше Царчев, на него му асистираше Платон која ќе го преземе „кормилото од пролет, ја завршија полусезоната како лидери на табелата. Вардаровите младинки заминаа на пауза со максимални 18.бода.

    Девојките постигнаа 182.погодоци на пет дуели, а на една средба добија бодови со службен резултат 0-10. На ефективно одиграните натпревари имаат одличен просек од над 30.погодици по одиграна средба. Миленоска која е лидер на стрелците кај кадетите го има истиот епитет и кај младинките, таа зад своето име впиша 38.погодока. Зад неа на 2-та и 3-та позиција со идентичен скор се исто така одличните оваа есен, Стефаноска Сара и Борјана Коцева. Крилото на црвено-црните, Бојана Радевска дојде до 22.погодока во есенскиот дел, топ-5 сегментот го комплетира Дона Тодоровска која е на позицијата зад Радевска.

    ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

    1. Леона Миленкоска 38 гола

    2./3. Сара Стефаноска 27 гола

    2./3. Борјана Коцева 27 гола

    4. Бојана Радевска 22 гола

    5. Дона Тодоровска 16 гола

    6. Бојана Коцева 15 гола

    7. Нина Попова 11 гола

    8. Михаела Велјаноска 6 гола

    9./10. Нина Милевска 5 гола

    9./10. Леона Деметра Франгоскa 5 гола

    11. Јана Поповска 4 гола

    12./13. Драгана Стојчевска 2 гола

    12./13. Сара Симиновска 2 гола

    14./15. Бојана Божиновска 1 гол

    14./15. Дафина Соколовска 1 гол

    Вероника Ѓорѓиевска

    Koга сме кај голманите на убедлив лидер е Вероника Ѓорѓиевска, таа имаше пет настапи и “собра“ дури 58.одбрани. Има неверојатен двоцифрен просек од 11,60.одбрани по одигран натпревар во младинската конкуренција. Галачева Марија впиша 23.интервецнии, а шанси добија за настап кај младинките оваа есен и кадетките: Хасаноска и Ѓорѓиева кои имаа свој придонес.

    ЛИСТА НА ГОЛМАНСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

    1. Вероника Ѓорѓиевска 58 одбрани

    2. Марија Галачева 23 одбрани

    3. Зорица Хасаноска 6 одбрани

    4. Тамара Ѓорѓиева 1 одбрана