Победа за пионерките во 1/4-финалето со Струга, следи реванш

Пионерките на Вардар во првиот натпревар од 1/4-финалето за пласман на Ф4 беа домаќини на Струга. На оваа средба победа обезбедија црвено-црните девојки со резултат 14-13.





Првиот дел помина во голема борба на двата тима кои посакуваат пласман на завршниот турнир. Започнавме рамноправно на семафорот стоеше 3-3. Гостинот поведе со три гола потоа со 3-6. Успеавме пред паузата да ја намалиме негативата и заминавме на одмор со резултат 6-8.







Во вториот дел на натпреварот во Круме Кепески се играше гол за гол, повторно голема борба, ривалот остана на плус два до 8-10. Живановска впиша неколку одбрани, во нападот погодуваме, Здравковска донесе реми 10-10 во 31.минута. Прв пат поведовме при 12-11 гола стрелаше Милошевска. Успеавме да ја сочуваме предноста и патуваме со победа на реваншот. Во победата од 14-13, прв стрелец беше Атанасовска Варвара.











Вардар: Живановска, Стамчевска, Гроздановска 2, Тошевска, Атанасовска 5, Милошевска 1, Смилевска 1, Здравковска 3, Сребреновска, Петровска 2, Маневска, Переска, Вељановска и Стрезобвска.
РЕВАНШОТ Е ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИСТИОТ ГО ИГРАМЕ ВО СТРУГА