ШАМПИОНИИИ…КАДЕТКИТЕ СЕ НАЈДОБРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Шампионииииии..кадетките во финалето во Битола ја совладаа екипата на Стружанка и стана Шампиони на Македонија.

Избраниците на Даниела Вељаноска од првата минута имаа една цел, дисциплинирано да започнат и да ја градат победата од самиот почеток. Тргнавме со два плус при 3-1, кога се очекуваше натпревар да влезе во неизвесност бидејќи е големото финале во кадетската лига, се случи спротивното. Со серија 7-0 црвено-црните дами направија исчекор кон пехарот кога поведоа со 10-1. На одмор заминавме со дури 12.гола повеќе, односно со резултат 16-4. Ретко кога се играло вака рано решено финале, сите задачи на Новеска девојките ги исполнија во двата правци, одбраната и нападот. Во вториот период остана само “победничкиот танц” пехарот беше обезбеден веќе по 30.минути ракомет на дуелот во Битола. Победата дојде со резултат 32-17🔴⚫️

🔷️Наскоро повеќе детали за стрелци , одбрани итн