Skip to content
Дома » Вести » Победа кај Јехона, кадетките на чекор до титула

Победа кај Јехона, кадетките на чекор до титула

    • ..малите “лавици” кадетскиот тим на црвено-црните се на чекор од пехар по денешната победа во претпоследното коло..

    Кадетскиот тим гостуваше во Гостивар кај тимот на Јехона на последниот натпревар за нас како гости. По преземањето на лидерската позиција ни беше јасно дека во последните две кола се е во наши раце. Девојките на Папуџиева Марија со победа 19-38 се на меч до шампионско славје.

    На почетокот ние поведовме со 0-1, со домаќинот изедначи на 1-1 во следната акција. Едниот тим поведуваше со минимална предност другиот изедначуваше и ја враќаше резултатската симетрија се до резултат 6-6. Потоа со два врзани погодока поведовме (6-8) и се до крајот не ја испуштивме предноста на оваа средба. Како одминуваше првиот дел од минута во минута предноста растеше, нашиот квалитет доаѓаше до израз, ние бевме доминантни на теренот на еден погодок на ривалот најчесто договаравме со два или три во нивната мрежа, па на одмор заминавме со плус седум односно со резултат 10-17.

    Високата предност од првиот дел, а особено играта во втората половина не оставаше дилема дека денес ќе дојдеме до убедлив триумф. Отворивме со серија 1-7 и поведовме со недостижни 11-24. Потоа само ја “билдавме” предноста која на крајот беше 19.гола, победата дојде со резултат 19-38. Кај нас со по 8 гола се истакнаа Миленкоска Леона и Тодоровска Дона.

    Вардар: Дамјановска 2, Драгана Тодоровска 1, Поповска 2, Јанева 3, Шехтанска 3, Божиновска 1, Стојанова 1, Ѓорѓиева, Ангелов Инес 1, Франгоска 1, Миленкоска 8, Соколовска 1, Тодоровска Дона 8, Павичевиќ 3, Ристовска Мила 3 и Хасановска.