Skip to content
Дома » Вести » Вардарки со 37+ на дуелот со Гевгелија

Вардарки со 37+ на дуелот со Гевгелија

    Вардар имаше лесна задача на денешниот првенствен натпревар, гостин ни беше “фенерџијата” екипата на Гевгелија. Девојките на Платон беа убедливи и дојдоа до победа со резултат 48:11.

    Тргнавме со погодок на Симона Василева која се врати во тимот за почетни 1-0. Следеше целосна доминација, одлични бевме во одбраната, Илиќ редеше одбрани тоа беше наградено во нападот. Од минута во минута растеше нашата предност, па во 12.минута имаше одличен “цепелин” од капитенот Трпевска до Бојана Коцева која атрактивно погоди.

    Клупата на гостинот веднаш повика тајм-аут, сепак тоа многу не смени на теренот. Нашата предност растеше со голема брзина, во 24.минута таа дојде до 20 плус по голот на Тодоровска Дона од пенал. На полувреме резултатот беше 27-4 за нас.

    Во вториот дел ништо ново не видовме на теренот во салата ” Круме Кепески”, вардарки доминираа, целиот ростер беше на ниво. Од минута во минута предноста растеше победата дојде со високи 37.гола повеќе. Ние триумфираше со резултат 48-11.

    Вардар: Илиќ (12.одб), Кимовска 3, Попова 3, Василева 8, Велјаноска 1, Борјана Коцева 8, Франгоска, Трпевска 5, Поповска, Тодоровска 3, Симоновска 2, Радевска 4, Вероника Ѓорѓиевска (7.одбрани), Миленкоска 5, Милевска 1 и Бојана Коцева 5.