Skip to content
Дома » Вести » Вардар нареди 7.победи во низа, падна Пелистер во Битола

Вардар нареди 7.победи во низа, падна Пелистер во Битола

    Вардарки денес гостуваа кај Пелистер, на оваа средба црвено-црните дами дојдоа до победа со резултат 24-32 (10-18).

    Натпреварот започна изедначено, едниот тим поведуваше со гол предност, а другиот изедначуваше. По 9.минути игра во салата “Боро Чурлевски” на семафорот имаше резултатска симетрија 5-5, по голот на капитенот Трпевска Ивона. Конечно врзуваме серија, во одбраната игравме агресивно, Илиќ додаде одбрани и со 0-3 серија во 13.минута поведовме со 5-8 по погодокот на Бојана Радевска. Од овој момент ние бевме тимот кој го контролира резултатот, зелено-белите постојано беа во резултатска негатива во однос на вардарки. На 8.минути пред крај поведовме со плус пет, Симона Василева по одличен пробив низ одбраната погоди за 8-13.

    На одмор заминавме со водство од
    Во вториот дел на теренот доби шанса целиот ростер на црвено-црните дами. Ритамот беше задржан, ние бевме тимот кој доминираше на битолскиот паркет. Врзуваме седма последователна победа во низа, истата дојде со резултат 24-32.

    Вардар: Илиќ 15.одб и 1гол, Соколовска, Бојана Коцева 5, Кимовска 2, Трпевска 6, Борјана Коцева 5, Радевска 7, Тодоровски, Франгоска, Вероника Ѓорѓиевска 8.одбрани, Велјаноска, Попова 3, Василева 3, Шехтанска и Милевска.