Skip to content
Дома » Вести » Кадетките со пресврт до нови бодови

Кадетките со пресврт до нови бодови

    Кадетките на Вардар во рамки на дуел од групата-А, денес беа домаќини на тимот на РК Илинден од истоимената скопска населба. На оваа средба црвено-црните  дами имаа негатива па по голем пресврт дојдоа до тешки три бода со резултат 22-20

    Го имавме најлошиот старт на еден натпревар во кадетската лига оваа сезона, по 11.минути ракомет беше 1-5 за гостинот од Илинден, пред се највеќе благодарение на нивниот мотивиран голман, Велковска. Нашата клупа по негативата од четири гола во 12.минута побара тајм-аут, успеавме преку Мила Ристовска и два гола на Миленкоска Леона да ја преполовиме негативата на два гола при резултат 4-6. Ја подобривме одбраната, Ѓорѓиева Тамара имаше неколку одбрани, па успеавме да дојдеме на само гол негатива при резултат 8-9, преку Трпкова Ива  во 24.минута. На одмор се замина со резултат 10-12, кој го постави нашиот играч Попова Јана по добар влез помеѓу одбраната на ривалот на 23.секунди до крајот на првиот период на овој кадетски натпревар.

    Започнавме во вториот дел како и во првиот со лоша игра па нашиот противник направи пет плус, при резултат 11-16. По овој момент се консолидирвме и заигравме агресивно, сите линии почнаа да фунционираат и влеговме во сероја 7-1 по која го преземавме водството. Навистина инспиративен период од дуелот, за нашите девојки. Погоди за нас Стојанова со одличен влез  од крило за 18-17, конечно ние преминавме во водство во 49.минута.  Од тој момеент не ја испуштавме инцијативата и предноста се до крајот, одични бевме во одбраната, Хасановска имаше свој удел на голот во овој период. До новите три бода односно до максимални шест во оваа прилетна полусезона дојдвовме со резултат 22-20.

    Вардар: Хасаноска, Трпкова 1, Стојанова 3, Леона Франгоска, Божиновска, Јанева, Ѓорѓиева, М.Ристовска 1. Тодоровска 5, Шехтанска 2, Смилевска, Петрова, С.Ристовска 5, Поповска 1, Соколовска, Миленкоска 4.