Skip to content
Дома » Вести » Кадетките со реми се враќаат од Ѓорче Петров

Кадетките со реми се враќаат од Ѓорче Петров

    Кадетките на ЖРК Вардар гостуваа денес кај тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. На овој дуел кој се одигра во салата во Волково одигравме реми 23-23.

    Домаќинот поуспешно влезе во натпреварот, успеа да поведе со 3-0 на почетокот. Ние се консолидиравме и со два врзани гола дојдовме на минимална негатива на оваа средба. Пред крајот на првиот дел кој изобилуваше со многу борба на двата тима, во кој црвено-црните дами имаа одлични перформанси успеавме да изедначиме на 9-9. На пауза се замина со гол позитива за тимот на ѓорчепетровки, односно со резултат 11-10.

    Вториот дел започна како и првиот период со три позитива за ривалот кој се поведе со 15-12. Потоа следеше повторно голема борба на теренот, избраничките на Марија Папуџиева одиграа тимски во двата првата па успеаа да направат пресврт, ја надополнија негативата и поведоа со гол предност при резултата 21-22. Натпреварот заврши веројатно како што беше и праведно бидејќи двата колектива прикажаа одлична игра со реми резултат 23-23. Честитки до нашите девојки за борбената игра на теренот и за прикажаната борбеност.

    Вардар: Трпкова, Стојанова 4, Франгоска 3, Божиновска, Јанева 2, Дамјановска, Дона Тодоровска 3, Драгана Тодоровска, Шехтанска 4, Смилевска, Ноели Ангелов, Поповска, Миленкоска 6, Ѓорѓиева и Соколовска 1.