Skip to content
Дома » Вести » Кадетките со 41.гол во мрежата на Гевгелија

Кадетките со 41.гол во мрежата на Гевгелија

    Кадетската екипа, денес беше домаќин на Гевгелија, на натпреварот во салата “Круме Кепески” нашите девојки беа далеку подобри и дојдоа до победа. Црвено-црните дами остварија победа со резултат 41-15.

    На почетокот ние поведовме, а гостинот врати со иста мерка за почетни 1-1, тоа беше прв и последен пат да имаат активен резултат против нас. Следеше серија 3-0 за предност од 4-1. Негде на половината на првиот период веќе имавме комотни шест гола позитива при резултат 9-3. Одлично го “одработивме” и вториот сегмент од првиот дел и на одмор заминавме со осум позитива, односно со резултат 18-10.

    Вториот дел на овој натпревар од 11.коло во кадетската лига не донесе ништо ново на теренот. Добија шанса сите девојки, ние продолживме со доминацијата во двата правци. Предноста растеше од минута во минута на крајот победивме со убедливи 26.гола повеќе, триумфот дојде со резултат 41-15. Сите девојки се впишаа во листата на стрелците освен голманите, кои имаа свој придонес во дефанзивниот дел, честитки за играта до целиот тим.

    Вардар: Хасановска, Трпкова 1, Соколовска 1, Јанева 3, Тодоровска Дона 5, Тодоровска Драгана 4, Франгоска 3, Попова 5, Ѓорѓиева, Смилевска 2, Ристовска Мила 7, Божиновска 5, Павичевиќ 3, Смилевска 2.