Skip to content
Дома » Вести » Куп: Вардар на чекор до Ф4, убедлив во Гевгелија

Куп: Вардар на чекор до Ф4, убедлив во Гевгелија

    Денес во полуфиналето од групната, четвртфинална фаза во Купот на Република Македонија, црвено-црните дами гостуваа во Гевгелија. Со сигурна игра обезбедија победа и место во финалниот натпревар кои носи на завршниот турнир во Купот. Победата беше остварена со резултат 17-34.

    Со головите на Трпевска, Василева и Радевска на почетокот тргнавме фуриозно и поведовме со 0-5. Се беше решено во воведените 7-8.минути. Од минута во минута ја градевме предноста која постојано растеше па на одмор се замина со 11.гола предност. За време на паузата беше 8-19, резултат актуелен од 55.секунди до крајот на првиот дел, најпрвин погоди од крило Миленкоска на нецела минута до крајот, а Вероника Ѓорѓиевски одбрани пенал во последните секунди.

    Во вториот дел го започнавме со погодок на Тодоровска, веќе во 37.минута имавме 16.плус по серија 0-5 кога погоди од пенал Бојана Коцева за 8-24. Се до крајот беше формалност ние победиме со резултат 17-34. Речиси сите девојки освен голманите се впишаа во листата на стрелци на оваа Куп средба.

    Натпреварот кој ќе го даде тимот кој ќе иде на Ф-4 турнирот ќе се игра во Скопје, во салата Круме Кепески во недела. Ривал ќе ни биде победникот од натпреварот Шампион-Деспина кој е на програмата утре.

    Вардар: Илиќ (10.одбр), Борјана Коцева 2, Радевска 1, Трпевска(к) 3 , Поповска 2, Бојана Коцева 3, Тодоровска 1, Миленкоска 4, Ѓорѓиевска (8.одб), Кимовска 7, Соколовска, Василева 3, Велјаноска 1, Франгоска 2, Милевска 5,