Skip to content
Дома » Вести » Максимален ефект за пионерките и по 6.одиграно коло

Максимален ефект за пионерките и по 6.одиграно коло

    Лидерот продолжува максимално, пионерките до 6/6 во лигата????‍♀️

    Девојките на Новеска и Атанасова, пионерките го задржаа 100% ефект во лигата. Гостувавме кај РК Кузман ова попладне и остваривме триумф со резултат 15-32

    Започнавме со гол на домаќинот, ние вративме за 1-1 преку Тодоровска Драгана. Потоа, тргнавме силовито ги затворивме приодите кон голот на Ангелов. Успеавме да поведеме со пет плус, Јанева Неда со два врзани гола погоди на 2-7 во 8.минута. некаде пред средината на првиот дел тренерот на домаќинот Кузмановска побара тајм-аут, ние веќе во тој момент бевме на седум позитива при резултат 4-11. Првата двоцифрена предност ја имавме на 4.минути до крајот на првиот период кога Сара Дамјаноска погоди по контра-напад за 6-16. До крај одигравме рутинирано и отидовме на одмор со резултат 9-17

    Во вториот дел тренерскиот двоец Новеска и Атанасова даде прилика на целиот ростер, сепак ние продолживме со исти ритам. Од минута во минута ја зголемувавме предноста која на крајот беше речиси удвоена во однос на првиот период. Победата дојде со 17???? позитива, односно со резултат 15-32

    Вардар: Петровска, Б.Тодоровска, Ѓуровска, Стојанова 4, И.Ангелов 1, Јанева 5, Дамојаноска 3, Мила Ристовска 1, Илијоска 2, Павичевиќ 2, Н.Ангелов, Херин 1, Петровска 2, Д.Тодоровска 2, С.Ристовска 6 и Манев 2