Skip to content
Дома » Вести » Низата продолжува, падна и Стружанка

Низата продолжува, падна и Стружанка

    Денес во „Круме Кепески“ ја пречекавме екипата на Стружанка од Струга, црвено-црните дами доминираа на средбата и дојдоа до висока победа со резултат 39-24.

    Започнавме фуриозно, ние бевме тимот што доминиравме на теренот. Илиќ беше одлична на голот, казнуваа Борјана Коцева, Трпевска и два пати Симона Василева за 4-0. Противникот врати со гол, ние веднаш направивме нова серија 3-0 и со голот Трпевска наговестивме висока победа, кога поведовме со 7-1 во 9.минута.

    Доминиравме во поле и од минута во минута предноста растеше, па на одмор отидовме со двоцифрена разлика, за време на паузата беше 21-10 за нас.

    Во вториот дел од клупа добија прилика сите девојки, Платон и Царчев им дадоа шанса на целиот ростер. Предносата нарасна и победивме со резултат 39-24 на оваа сениорска средба.

    Вардар: Илиќ 11одб, Хасаноска 4.одб, Ѓорѓиевска 5.одб, Кимовска 3, Попова 2, Василева 6, Велјаноска 3, Коцева Борјана 3, Франгоска, Трпевска 7, Радевска 5, Тодоровска, Миленкоска 5, Милевска 1, Шехтанска 3 и Бојана Коцева.