Skip to content
Дома » Вести » Пионерките го добија дербито во Делчево

Пионерките го добија дербито во Делчево

    Пионерките на Вардар денес гостуваа во Делчево кај истоимениот женски ракометен колектив. На оваа средба од 9.коло дојдовме до 9-та победа и со максимални 27.бода остануваме лидери на табелата во оваа конкуренција.

    Дерби дуелот го добивме со резултат 23-25, се играше една навистина одличен првенствено натпревар. Дуелот почна со 0-1, потоа двата тима играа изедначено и погодија по четири пати за наша минимална предност од 4-5. Успеавме да направиме серија 1-4 и се одлепивме при резултат 5-9 на четири плус. Успеавме тие четири гола “капитал” да ги зачуваме и да одиме на одмор со резултат 12-16.

    На почетокот на вториот дел со два врзани гола прв пат поведовме шест плус, 12-18. Сепак домаќинот се обидуваше да се врати намали и дел од негативата, но ние до 9/9 во лигата дојдовме со резултат 23-25. Честитки за сите наши девојки за залагањето и на тренерскиот двоец за одличното водење на овој дерби пионерски натпревар. Кај нас Ноели Ангелов беше одлична со 14.одбрани, а Нада Јанева погоди 10.пати.

    Вардар: Петрова (1.одб), Стојкова 1, Стојанова 3, Инес Ангелов, Јанева 10, Дамјановска 3, Ристовска Мила 2, Здравковска, Смилевска, Павичевиќ 2, Ноели Ангелов (14.одбани), Херен, Петровска, Тодоровска 2, Ристовска Сара 2, Манева.