Skip to content
Дома » Вести » Пионерките останаа максимални, победа и во Штип за лидерска позиција

Пионерките останаа максимални, победа и во Штип за лидерска позиција

    Пионерките на ЖРК Вардар остануваат лидери на табелата во својата група. Денес во првото коло оваа пролет, односно 7.коло во групата-А гостуваа во Штип кај екипата на ЖРК Астибо. Црвено-црните дојдоа до убедлива победа и со 21.бод се лидери на табелата, успехот дојде со резултат 14-24.

    На почетокот ние отворивме со погодок, домаќинот возврати со иста мерка за 1-1, тоа беше прв и воедно последен пат штипјанки да имаат поволен резултат. Од минута во минута девојките на Новеска и Атанасовски, почнаа да прават предност. Со серија 2-8 на 4.минути до крајот се одлепивме на шест плус при резултат 3-9. Следеше краток период се до крајот на првиот дел во кој домаќинот успеа да биде подобар, на еден наш погодок одговори со четири и успеа да ја преполови нашата предност од шест на три гола, па на одмор заминавме со водство од 7-10.

    Како што на крајот на првиот дел противникот успеа да направи серија 4-1, ние веднаш на почетокот на вториот дел вративме со иста мерка и не дозволивме да се загрози нашата доминација. Повторно отидовме на комотни плус шест при резултат 8-14. Предноста раснеше од минута во минута пред самиот крај таа стана двоцифрена (13-23), на крајот домаќинот само со еден погодок ублажи, не победивме со девет плус, односно со резултат 14-23 на оваа прва пионерска средба во пролетниот дел.

    Вардар: Михаела Петрова, Јана Стојанова 2, Инес Ангелов, Неда Јанева, Сара Дамјамоска 3, Мила Ристовска 9, Кристина Здравковска, Ноели Ангелов, Антонија Тошевска, Ада Херин, Стефани Петрова 1,Драгана Тодоровска 4, Мила Манева 1, Сара Ристовска 4,