Skip to content
Дома » Вести » Пионерките останаа на 100%, падна и Металург

Пионерките останаа на 100%, падна и Металург

    Пионерките останаа 100% во лигата, нов дуел и нова победа. Денес како домаќини високо го совладавме тимот на Металург Автокоманда со 26-14.

    Тргнавме одлично на почетокот ги затворивме приодите кон нашиот гол, поведовме со високи 4-0 преку Ристовска Мила по што следеше тајм-аут на ривалот. Нашата мрежа прв пат беше “начната во 7.минута кога гостинот намали на 6-1. Ние бевме далеку подобар противник од минута во минута ја зголемувавме предноста која на крајот беше изразена со 13.гола. за време на паузата црвено-црните пионерки водеа со 18-5.

    Во вториот дел добија прилика сите девојки од ростерот. Сепак ние го задржавме ритамот и ја одржавме предноста во двоцифрена граница. Победата дојде со резултат 26-14. Кај нас денес Мила Ристовска со 7.гола се истакна на оваа скопска пресметка, како и голманот Ангелов со 10.одбрани.

    Вардар: Петровска (3.одбрани), Стојакова, Стојанова 3, Инес Ангелов 3, Јанева 4, Дамјановска 5, Ристовска 7, Здравковска 1, Павичевиќ 2,Тошевска, Херин, Ангелов Ноели (10.одб) Петровска 1, Тодоровска и Гроздановска.