Skip to content
Дома » Вести » Пионерките убедливи во Богданци

Пионерките убедливи во Богданци

    Пионерките на Вардар гостуваа кај тимот на РК Младост 1977. На оваа средба бевме убедливи и победивме со резултат 9-32.

    Натпреварот започна со два гола за нас, домаќинот ја преполови нашата предност со гол за 1-2. Тоа беше се што тимот од Богданци пружи во првиот дел. Се до крајот ние не примивме ниту еден погодок, а постигнавме четиринаесет. На одмор се замина со резултат 1-16. Имавме цели 15.гола повеќе од домашниот тим.
    Се беше решено во првиот дел во вториот само го засиливме темпото, од клупата добија шанса сите девојки. Победата дојде со 23.гола повеќе од домашниот тим. Дојдовме до 11/11 во лигата со резултат 9-32.

    Вардар: Петровска Михаела, Гроздановска, Стојанова 7, Ангелов Инес 1, Ристовска Мила 5, Јанева 2, Здравковска, Павичевиќ 4, Тошевска, Ангелов Ноели, Херин 2, Петровска Стефаноска 4, Тодоровска 5, Манева 2.