Skip to content
Дома » Вести » Победа над Скопје 2020, капитенот Трпевска со 11-ка

Победа над Скопје 2020, капитенот Трпевска со 11-ка

    Во вториот дуел оваа есен, а на првиот домашен натпревар бевме домаќини на ЖРК Скопје 2020. На оваа средба дојдовме до победа со резултат 29-24. Капитенот Ивона Трпевска го предводеше тимот со 11,гола.

    Лошо започнавме на почетокот беше 2-5 за ривалот по 7.минути игра имавме три негатива. Дојдовме до реми во 21.минута, ривалот беше мотивиран на оваа средба. Коцева Борјана стрелаше ефективно по брза трансформација која дојде по успешна одбрана на Илиќ.На одмор заминавме со реми 12-12, резултат кој го постави капитенот Трпевска од пенал на 35.секунди до крајот. Ривалот имаше напад, Вероника Ѓорѓиевска одлични одбрани удар на неколку секунди до крајот и не однесе на одмор со резултатска симетрија.

    Одлично влеговме во вториот дел и поведовме со два гола при 16-14 кога стрелаше Дона Тодоровска во 34.минута. Вардарки во овој борбен дуел со доста исклучувања на двете страни полека ја преземаа контролата и од минута во минута ја зголемуваа предноста. Победата дојде со пет гола повеќе, односно со резултат 29-24 на крајот.

    Вардар: Илиќ ( 6.одбрани), Бојана Коцева 4 , Трпевска 11, Тодоровска 2 , Борјана Коцева 4, Радевска 1, Миленковска 2, Ѓорѓиевска ( 6.одбрани), Хасановска (1.одб), Кимовска, Соколовска, Ивановска 3, Попова, Велјановска,