Skip to content
Дома » Вести » Победа со двоцифрена предност за сениорките кај Овче Поле

Победа со двоцифрена предност за сениорките кај Овче Поле

    .

    ЖРК Вардар денес на гостувањето во Свети Николе доминираше и ја совлада екипата на Овче Поле СУ. Ние победивме со резултат 22-34.

    На почетокот доминиравме и поведовме во старт, противникот немаше ниту еднаш позитивен резултат. Вероника Ѓорѓиевска ги затвори сите приоди кон својот гол, во напад погодивме три пати, за стартни 0-3 преку Дона Тодоровска. Противникот се обиде да направи баланс и намали на гол негатива при 4-5 во 13.минута. Потоа девојките на Платон беа во налет. Веќе по 4.минути по брза контра на Борјана Коцева ја вративме предноста од три гола при 6-9. До крајот истата успеавме речиси да ја удвоиме и на одмор заминавме со пет гола повеќе, односно со резултат 10-15.

    Во вториот дел почнавме со голот на Коцева Борјана која денес имаше неверојатни 100% ефект при ударите погоди 10.гола од исто толку обиди. Брзо се одлепивме на 9.гола предност, поведовме со 12-21. Се до крајот беше чиста формалност прашање беше колкава ќе биде разликата, таа на крајот мина во двоцифрена бројка. Победивме со резултат 22-34.

    Вардар; Илиќ (8.одбрани), Кимовска 4, Ивановска, Попова 1, Поповска 2, Борјана Коцева 10.гола, Велјаноска, Франговска 2, Трпевска 5, Тодоровска 8, Ѓорѓиевска (2.одб) Симоновска, Радевска, Миленкоска 2, Милевска, Коцева Бојана.