Skip to content
Дома » Вести » Победничката низа на сениорите продолжува, совладан Шампион

Победничката низа на сениорите продолжува, совладан Шампион

    .Првиот тим на ЖРК Вардар, денес како гостин кај Шампион дојде до убедлива победа со 26.гола предност, односно со резултат 19-45.

    Отворивме со голот на Коцева Бојана, домаќинот врати за реми 1-1, тоа беше прв и последен пат да имаат активен резултат. Со серија 0-4 успеавме да се одлепивме на 1-5. Од минута во минута разликата растеше и дојде до 18.позитива на одмор заминавме со предност од 8-26 за црвено-црните дами. Во вториот дел доби шанса целиот ростер, ритамот беше задржан, ние доминиравме во поле и остваривме висока победа со резултат 19-45 на овој натпреварот од супер лигата.

    Кај нас на оваа средба имаше денес две ’10ки”, капитенот Трпевска имаше 10.гола, толку топки сопра и Илиќ, покрај неа и Ѓорѓиевска имаше 8.одбрани.

    Вардар: Илиќ(10.одб), Кимовска 5, Соколовска 2, Василева 7, Трпевска 10, Соколовска 2, Коцева Борјана 6,Франговска, Попова 1, Тодоровска 2, Симоновска 2, Радевска 6, Милевска 2, Коцева Бојана 2.