Skip to content
Дома » Вести » Победнички танц на шампионките, кадетките убедливи со Чаир

Победнички танц на шампионките, кадетките убедливи со Чаир

    Денес, кадетките на Вардар дојдоа до победа во последното коло над Чаир. Но, оваа средба ќе се памети по прослава на титулата освоена пред едно коло и победата со резултат 37-21.

    Вардар доминираше на средбата на која немавме резултатски предизвик, титулата беше обезбедена пред едно коло. Од минута во минута раснеше предноста, на еден погодок во нашата мрежа враќавме со двојна мерка.

    Па така во 20.минута беше 12-6 за шампионите по голот на Мила Ристовска по еден одличен пробив. Прв пат на осум плус отидовме во 28.минута по атрактивниот погодокот на Шехтанска за 16-8. На одмор заминавме со позитива од осум погодоци, односно со резултат 18-10.

    Вториот дел беше рутина, буквално опуштено шампионско полувреме. Целиот ростер доби прилика за настап, ритамот беше задржан ние доминиравме во двата правци. Дуелот го добивме со 16.гола повеќе односно со резултат 37-21. Шехтанска која полусезоната се врати од повреда одигра одлично и погоди 8.пати ,со тоа беше прв стрелец.

    Вардар: Хасановска, Трпкова, Стојанова,Франгоска,Божиновска 3,Јанева 5, Дамјановска 4, Павичевиќ 2, Ристовска 4, Тодоровска 1, Шехтанска 8, Попова 2, Смилева 5, Миленкоска 2, Соколовска 1 и Ѓорѓиева.