Skip to content
Дома » Вести » Соопштение за Купот, пофалби за одлуката на РФМ

Соопштение за Купот, пофалби за одлуката на РФМ

    Пред нас се настапите на завршницата на  најмасовното ракометно натпреварување во земјава, Купот на Република Македонија  во ракомет, мажи и жени. Одлуката на ракометната федерација на земјава за форматот и термините позитивно беше примена во нашиот клуб.

    Сакаме да ја пофалиме, поддржиме и да ставиме акцент на одличната идеја за овогодинешното издание на завршните турнири. После долги годони конечно ракометната федерација повторно направи одличен формат кој носи возбудливост, но и одмор за екипите. Одлуката да се играат во исти ден машки и женски натпревари го подобрува и го засилува интересот за Ф-4 турнирот. Потоа приликата да се има ден одмор пред финалните соочувања допринесува кон рамноправност на тимовите кои ќе излезат на мегданот за пехар. Сите комплименти за оваа одлука од нашиот црвено-црн тим до организаторот, РФМ. Нашето мислење го делат и останатите женски ракометни учесници, бидејќи вака се става акцент и на рамниправноста во спортот. Најголемата сала во земјата ќе биде „сведок“ на одличен завршен турнир, кој ќе  донесе нови два шампиони во еден формат за кој се надеваме и повикуваме да се практикува и во иднина за ова натпрeварување.

    Голема благодарност до машките екипи учесници за поддршката и разбирањето, со почит

    ЖРК Вардар