Skip to content
Дома » Вести » Спартак совладан, продолжи победничката низа на ЖРК Вардар

Спартак совладан, продолжи победничката низа на ЖРК Вардар

    Вардарки денес ги за гости ги имаа тимот на Спартак. Во еден ефикасен дуел црвено-црните победија со 45-36.

    Со головите на Симона Василева и капитенот Трпевска Ивона се одлепивме на 4-0 на почетокот. Ние бевме тимот кој го контролираше натпреварот успеавме некаде на средината на овој период да поведеме со плус седум при резултат 14-7. До крајот на првите 30.минути се играше претежно гол за гол, противникот во финишот дојде на минус пет, па на пауза се замина со резултат 23-18.

    Во вториот дел започнаа ротацијата во нашиот состав, сите девојки од ростерот добија прилика. Стартуваме со серија 4-1 по која поведовме со плус осум и беше решено веднаш прашањето на победникот кога поведовме со 27-19. Се до крајот беше рутина новата победа дојде со резултат 45-36.

    Вардар: Кимовска 5, Солколовска 1, Илиќ 6.одб, Попова, Василева 8, Велјаноска 4, Ѓорѓиевска 10.одбрани, Франгоска 1, Борјана Коцева 7, Трпевска 9, Радевска, Тодоровска 2, Миленкоска 3, Милевска 3, Шехтанска и Бојана Коцева 2.