Skip to content
Дома » Вести » Ја продолживме соработката со Василева

Ја продолживме соработката со Василева

    Со големо задоволство соопштуваме дека нашето овогодишно засилување, Симона Василева и во иднина ќе го носи црвено-црниот дрес.

    Денес, клубот и одличниот бек, взаемно се сложија за продолжување на натамошната соработка. Презадоволни од нејзините перформанси, залагање и прикажани игри во овааа сезона која е прва за неа во нашиот тим, на наше и нејзино задоволство беа реализирани разговори и беше постигнат взаемен договор за продолжување на соработката. Оваа 22.годишна ракометарка е една од најважните алки во тимот, кој оваа сезона обезбеди Ф-4 во Купот каде ќе се бориме за пехар, воедно сме во конкуренција за топ-3 сегментот во лигашкиот дел.

    Започнуваме со градењето на тимот за идната сезона, Василева како еден од најдобрите поединци ќе биде важен дел од ростерот и идната сезона. Целта е продолжување на успешното фунционирање на екипата и задржување на конкурентноста во однос на ривалите.