Без бодови од средбата со Чаир

Денес во рамки на 9.коло во Супер лигата игравме со Чаир на нивни терен. Противникот успеа да пројде до победа на оваа суперлигашка средба.
Натпреварот започна рамноправно со погодоците на Попова и Миленкоска влеговме во дуелот со 2-2. Потоа следеше голем пад во нашата игра и серија 1-9 на чаирчанки со која се одлепија на високи 3-11 некаде околу половината на првиот период. Првиот дел го завршивме со двоцифрена негатива па на пауза заминавме со 9-19 за моменталниот лидер на табелата.
Во вториот дел покажавме сосема ново лице, во овој период бевме многу подобро во реализацијата во однос на првиот период, во одбраната одигравме едно ниво погоре. Во вториод дел постигнавме десет гола повеќе од нашиот скор во првиот дел, односно дадовме 19.погодока, примивме 12 па на крајот бевме поразени со само три гола, да ја подобриме играта порано веројатно ќе имавме прилика о за егал. Ривалот оствари триумф со резултат 28-31.
Вардар: Трифуноска, Кимовска 1, Ј.Попова 1, Дона Тодоровски 4, Балоска, Н.Попова 4, Неделковска 4, Галачева, Голабоска 3, Велјаноска 2, Илиќ, Драгана Тодоровска 1, Поповска, Миленкоска, Ѓорѓиевска и Милевска.
