Вардар дојде до 4-та победа, убедлив со Астибо

🔷️Вечерва, вардарки ја оправдаа фаворитската улога и славеа на домашен терен против екипата на РК Астибо, на натпревар од Супер Лигата. Нашите девојки дојдоа до четвртата победа во ова 7.коло со резултат 38:26 (22:06).

🔷️Отворивме со погодоците на Кимовска и Нина Попова за почетни за почетни 3-1 во 5.минута. потоа следеше период од 11.минути на целосна црвено-црна доминација на теренот влеговме во серија 9-1 и со голот на Голабоска поведовме со двоцифрена предност при резултат 12-2, од тој момент па до крајот на натпреварот постојано имавме двоцифрена предност над штипјанки. Првиот период го одиграа девојките на Платон на високо ниво, па на пауза заминавме со високи 16 гола предност односно со резултат 22-6.

🔷️Во вториот дел исто така на натпреварот во салата ” Круме Кепески” бевме тимот кој го контролира натпреварот и резултатот. Поширокиот ростер на вардарки доби шанса и го зачува ритамот. Треба да напоменеме дека токму на овој натпревар ривалот имаше деби на нови интернационалки од Африка во својот состав. Победата дојде со резултат 38:26. Кај нас Миленкоска Леона со 6 и денес одличната Кимовска Ивона со 5 погодоци беа први стрелци на натпреварот.

🔴⚫️Вардар: Трифуноска 1, Кимовска Ивона 5, Ј.Попова 4, Тодоровска Дона 1, Балоска 1, Н.Попова 3, Илиќ 5 одбрани, Неделковска 2, Голабоска 3, Велјаноска 3, Кимовска Ива, Тодоровска Драгана 4, Миленкоска 6, Ѓорѓиевска 4 одбрани, Милевска 3 и Ристовска 2.