Реми со Куманово, вардарки со одлична игра

  • Во првото коло од плеј-офот Вардар беше домаќин на Куманово. На една динамична средба одигравме реми 25-25.

Првиот дел на овој натпревар од воведната рунда во плеј-офот започна со доминација на ривалот. Првите 15.минути припаднаа на кумановки кои поведоа со 1-6, односно со плус пет. По 14.минути водеа со 5-9 по што ние тргнавме во целосна офанзива. На голот влезе Илиќ која со своите одбрани беше двигател на пресвртот на црвено-црните. Најпрвин Дона Тодоровска врза два гола и ја преполови негативата на 7-9. Богоеска донесе реми прв пат при резултат 10-10 во 24.минута. Вардарки од минис пет на почетокот се издигнаа и поведоа со два гола повеќе кога Кимовска Ива стрелаше за 13-11. На одмор заминавме со резултат 14-13 по голот на Тодоровска од пенал.

Вардарки денес навистина се бореа на теренот против повозрасните девојки на Куманово, oслабнати бевме со неиграњето на нашиот прв стрелец Миленкоска Леона на оваа средба. Имавме предност кога Тодоровска погоди за 16-15 во 35.минута, сепак ривалот постојано доаѓаше на резултатски симетрија. Точно на средината на вториот дел имавме два гола позитива при резултат 20-18, по што минута одмор побара клупата на сино-белите. На крајот резултат донесе поделба на бодовите, овој натпревар заврши 25-25. Тодоровска Дона со 9.гола и Илиќ со двоцифрен учинок беа најистакнати денес.

Вардар: Илиќ 12.одбрани, Кимовска Ивона 2, Попова Јасмина 3, Тодоровски 9, Попова Нина 1, Неделковска 6, Галачева, Ѓорѓиевска 2.одбрани, Голабоска 1, Велјаноска 1, Франгоска, Ива Кимовска, Радевска 1, Миленкоска, Соколовска.