Гостинска победа за сениорките

ЖРК Вардар дојде до гостинска победа. На гостувањето кај Астибо во Штип, вардарки остварија триумф со резултат 29-33.
Натпреварот започна со почетните 1-1. Потоа постојано се играше околу резултатска симетрија, до 11-11 дури осум пати беше реми на семафорот. Вардарки успеаа прв пат да се одлепат на плус три на ова гостување при резултат 13-16 за црвено-црните дами. Домаќинот се обиде да се врати сепак ја исконтролиравме ситуација и на одмор замимавме со резултат 16-18 за избраниците на Анжела Платон.
Во вториот период од овој натпревар во плеј-офот од женската лига започнавме да доминиране во поле. Тргнавме со неверојатна серија 0-6, по која поведовме со резултат 16-24. Со овие осум плус на семафорот веќе беше јасно дека победа ќе ја освои нашиот тим Штипјанки до крајот само ја намалија предноста, победата дојде со резултат 29-33. Кај нас Неделковска со 6 у Голабоска со 7 гола беа први стрелци.
- Вардар: Трифуноска 4, Кимовска 2, Ј.Попова 4, Божиновска, Неделковска 6, Голабоска 7, Велјаноска 3, Илиќ 10одб. Богоеска 2, Франгоска, Поповска, Миленкоска 4, Ѓорѓиевска 6.одб, Соколовска 1 и Милевска.