Лидерот продолжува со доминација, кадетките со нова високи победа

🔷️Денес кадетките гостуваа кај тимот на Овче Поле, на оваа средба дојдовме до висока победа со резултат 12-40.

🔷️ На почетокот тргнавме офанзивно и поведовме со три плус преку Трифуноска во која во 10.минути стрелаше за 2-5. Во наредните минути до крајот на првиот дел бевме далеку подоминантен тим, разликата ја зголемивме за десет погодоци. На пауза заминавме со 13 плус, односно со резултат 8-21 за нас.

🔷️ Бранителите на пехарот и актуелни лидери, нашите црвено-црни кадетки и во вториот период продолжија со полнење на мрежата на домашниот тим на овој натпревар од 5.коло. на крајот разлика нарасна на 28 погодоци повеќе, на семафорот во салата Цар Самуел стоеше 12-40 за девојките на Вељаноска Новеска и Ажиевска. Кај нас Николовска Мила и Ристовска Мила погодија по 9 пати , гол помалку имаше Трифуноска која стрелаше успешно во 8 наврати.

❤️🖤Вардар: Трифуноска 8, Стојанова 3, Балоска 5, Михајловска 1, Јанева , Смилевска, Миновска, Павичевиќ 2, Ристовска 9, Маџовска, Петровска 1, Ангелов, Милошевска 1, Николовска 9, Гроздановска и Манева.