Миленкоска и Илиќ со одличен настап за Македонија

🔷️Македонската женска А-селекција викендов за време на ЕХФ-неделата настапи на “Трофеј Македонија” во Охрид.

🔷️Покрај нашата селекција играше селекциите на Грција, Египет и Тунис.

Црвено-жолтите одиграа два дуели со африканските ривали, а натпреварот со Грција се одкажа. Во редовите на мак.селецијата настапија две девојки од ЖРК Вардар.

🔷️Одличен настап за нашата селекција имаше Леона Миленкоска која забележа два гола, нашето крило го потврди својот репрезентативен потенцијал иако нема сеуште 18.години. На голот одлични партии пружи нашиот капитен, Илиќ Андреа. Потврдувајќи дека не случајно е еден од најдобрите голмани во домашната лига неколку години наназад.