Skip to content
Дома » Вести » Бојана Коцева со 14-ка во мрежата на Астибо, вардарки убедливи

Бојана Коцева со 14-ка во мрежата на Астибо, вардарки убедливи

    Сениорскиот тим беше убедлив на денешниот натпревар како домаќин во салата „Круме Кепески“. Црвено-црните дами ја совладаа екипата на Астибо со резултат 51-25.

    Тргнавме силно на самиот почеток, веќе на почетокот на 8.минута имавме шест гола позитива, по погодокот на Бојана Коцева за 8-2. Десет минути потоа во 18.минута ја минавме двоцифрената граница на предноста, по одбрана на Илиќ која беше нејзина 5-та до тој момент, фрли контра до Борјана Коцева.

    Нашиот бек немаше тешка задача и погоди за предност со 17-7. На пауза заминавме со 15.гола повеќе од ривалот, Василева Симона стрелаше за резултат 27-12, кој стоеше на семафорот за време на паузата.

    Вториот дел од овој дуел не донесе ништо ново, единствено нови беа дел од играчите во нашиот состав. Од клупата Платон и Царчев уфрлија нови имиња кои го задржаа ритамот на средбата, одмкинута во мунута раснеше предноста која на крај беше високи 26.гола за црвено-црните дами на средбата со тимот од Штип. Вардарки запишаа победа со резултат 51-25 на оваа средба од 19.коло во женската супер лига. На средбата Коцева Бојана беше двоцифрена, успеа да погоди дури 14.пати во мрежата на гостинот.

    Вардар: Кимовска 3, Попова 4, Василева 4, Илиќ (9.одбрани), Велјановска 2, Коцева Борјана 6, Ѓорѓиевска (7.одбрани), Франгоска 1, Трпевска (к) 4, Тодоровска 2, Симоновска, Радевска 1, Миленкоска 5, Коцева Бојана 14, Милевска 1 и Шехтанска 4.