Skip to content
Дома » Вести » Младинките чекорат кон пехарот, нова убедлива победа за лидерот

Младинките чекорат кон пехарот, нова убедлива победа за лидерот

    Младинките на ЖРК Вардар, вечерва гостуваа во населбата Илинден кај истоимената женска ракометна екипа. Покажавме зашто и го оправдавме епитетот лидери во оваа конкуренција, девојките на Платон беа убедливи и победија со резултат 17-35. Останиваме 100% во лигата и сме на неколку чекори до титулата.

    Првиот дел од оваа младинска средба започна со погодок за домаќините, за почетни 1-0, кое беше нивно прво и воедно последно водство на оваа средба. Веќе до 4.минута ние врзавме три гола во серија, со два погодока на Миленкоска и еден на Радевска поведовме со 1-3. Одлично бевме во одбрана, Вероника Ѓорѓиевска на голот нижеше одбрани па поведовме со пет плус.

    Дона Тодоровска стрелаше за 2-7 во 11.минута по што тренерскиот двоец на домаќинот Јаневи побараа минута одмор. Во последните 3.минути влеговме со двоцифрена предност, по одлично украдена топка во одбраната од Радевска ја пронајде Борјана Коцева која погоди за 8-18, до крајот само домаќинот ублажи и на одмор се замина со 9-18.

    Вториот период започна како и првиот со гол на домашниот тим, потоа следуваше вардарова доминација. Одлични бевме во одбраната, на голот влезе Ѓорѓиева Тамара која имаше свој допринос , со серија 0-7 отидовме на плус 16 при резултат 10-26. Натпреварот до крајот беше формалност, Анжела Платон даде шанса на целиот ростер кој одлично одигра во сите 60.минути на оваа младинска средба. Победата на крајот беше изразена со 18.гола повеќе, односно со резултат 17-35. Одлични бевме во нападот на денешната средба, особено се истакна Коцева Бојана со 8.гола, а на голот Ѓорѓиевска Вероника имаше 12.одбрани, во одбраната бевме исто борбени, а голманите имаа речиси 60% ефект.


    Вардар: Ѓорѓиевска (12.одбр), Трпкова 4, Соколовска, Попова 4, Велјаноска 1, Поповска 1, Ѓорѓиева (8.одб), Борјана Коцева 8, Франгоска 3, Божиновска, Тодоровска 3, Симовска, Радевска 4, Миленкоска 5, Милевска и Бојана Коцева 2.