Минимален пораз за пионерките

■ Попладнево екипата на РК Струга 2024 гостуваше кај нашите пионерки. На оваа средба ривалот дојде до минимална победа со резултат 12:13 (4:7).
● Гостинот отвори со погодок, ние со головите на Михајловска и Атанасовска дојдовме до почетна предност со резултат 2:1. Екипата на Струга врати со иста мерка и поведе со 3:5. Се обидувавме да се вратиме во игра во првиот период, но не успеавме па на пауза заминавме со негатива од три гола, на семафорот во салата Круме Кепески беше 4-7 за ривалот.
●Во вториот дел на почетокот на 26.минута со голот на Милошевска дојдовме до реми по серија 3:0 за резултатска симетрија 7:7. Постојано се играше околу реми резултатот беше потоа 8:8, 9:9, 10:10 и на крајот 11:11. На крајот посконцетрирани беа гостинките и однесоа победа со резултат 12:13 на овој пионерски натпревар.
❤️🖤 Вардар: Живановска, Павлевски, Михајловска 1, Гроздановска, Атанасовска 1, Милошевска 3, Смилевска 2, Авџи, Велјаноска, Здравковска, Мајнов, Тошевска 2, Петровска 1, Маневска 2 и Стамчевска.
