Без бодови од гостувањето за сениорскиот тим

🔷️Сениорската екипа имаше гостување кај шампионот, екипата на Ѓорче Петров-ЖРК. Домаќинот не совлада со резултат 35-26 (14-10).
🔷️Шампионот отвори со 4-0 на стартот, ние преку Кимовска намаливме на 4-1 во 5.минута. Успеавме да фатиме резултатски приклучок, заигравме одлично во одбраната и во нападот казнувавме, па дојдовме до резултатска симетрија при резултат 9-9 во 21.минута со голот на Тодоровска. Сепак домаќинот успеа да ја врати контролата и на одмор замина со предност од 14-10.
🔷️Во вториот период шампионот ја имаше под контрола средбата, ја одржуваше предноста, а при крајот успеа да ја зголеми, па не совлада со резултат 35-26 на овој Суперлигашки натпревар во салата “Х.Батанџиев”. Кај нас одлична партија имаше Дона Тодоровска со 9 погодоци.
🔴⚫️Вардар: Трифуноска, Кимовска 2, Ј.Попова 4, Тодоровска Дона 9, Балоска, Н.Попова 2, Неделковска 4, Галечевска 2.одбрани, Голабоска, Велјаноска, Илиќ 2 одбрани, Тодоровска Драгана, Поповска, Миленкоска 5, Ѓорѓиевска 5.одбрани и Милевска.
