Кадетките моќно во дербито со Металург Автокоманда

■Денес во дербито кадетите на ЖРК Вардар како лидери ја пречекаа екипата на Металург Автокоманда и со одлична игра дојдоа до победа за зачувување на тронот, ние триумфиравме 27:24.
Уште на самиот почеток сакавме да покажеме кој е бранител на насловот во оваа конкуренција, отворивме преку Павичевиќ. До шестата минути целосно доминиравме и поведовме со високи 5:0 преку Јанева. Наметнеме ритам па во 22.минута имавме дури осум предност со погодок на Николовска за 13-5. Одлична беше и атмосферата во значајно полното гледалиште, вистинско дерби во кое ние имавме главна улога. На одмор заминавме со 16:9.

















■Сите девојки беа феноменални денес, одлични и мотивирани. Од клупата одлично диригираа Даниела Вељаноска-Новеска и Лидија Ажиевска кои имаа правовремено совети, тајм-аути во клучни тајминзи и одлична ротација на ростерот. Целиот втор дел предност беше околу 6 до 7 гола. Со таква влеговме и во последните три минути кога на семафорот во салата Круме Кепески беше 27-21. Во финишот ривалот само погоди три пати и намали за конечните 27-23. Кај нас Трифуноска имаше 5 гола.


ВАРДАР ❤️🖤 Трифуноска 5, Јанева 4, Ристовска 3, Ангелов, Стојанова 1, Балоска 4, Смилевска, Павичевиќ 3, Миноска, Маџовска, Милошевска, Тодоровска 3, Николовска 4, Гроздановска и Манева.
