Пионерките со 3/3, совладан Охрид во гости

🔷️Денес во рамки на 3.коло, пионерките на ЖРК Вардар гостуваа во Охрид кај истоимениот женски ривал. Девојките на Кузмановска остварија победа со резултат 11: 18 (7:13).
🔷️ Со головите на Атанасовска и Михајловска поведовме на старот со 0-2. Ривалот намали на 2-3 во продолжение, следеше наша доминација и серија. Одлично игравме во одбраната, во напад казнуваме и со серија 1-6 поведовме со високи 3-9 преку Михајловска. Ја зачуваме предноста од плус шест и за пауза заминавме со резултат 7-13 за нас.
Во вториот период двата тима беа далеку помалку ефикасни па беа постигнати помалку од половина погодоци вкупно помалку од првиот дел. Ние ја контролираме играта и победата дојде со резултат 11:18.
👉Ова е трето коло, црвено-црните дами имаат максимален ефект и се на делба на лидерската позиција.
🔴⚫️Вардар: Живановска, Михајловска 2, Гроздановска 1, Атанасовска 7, Милошевска 1, Смилевска 1, Велјаноска, Здравковска 3, Мајнов, Тошевска, Палеска, Петровска 2, Маневска, Настевска, Стамчевска и Милевска 1.