Skip to content
Дома » Вести » Без победник во дербито на кадетската лига, Вардар и Стружанка ги поделија бодовите

Без победник во дербито на кадетската лига, Вардар и Стружанка ги поделија бодовите

    Без победник во дербито на кадетската лига, Вардар и Стружанка ги поделија бодовите, на натпревар од 5.коло кој се одигра вечерва во салата „Круме Кепески“. Конечниот резултат гласеше 20:20 (09:11).

    Гледавме интересен и неизвесен натпревар, како што му доликува на меч на две екипи кои го делат врвот во лигата.

    Стружанка подобро го отвори натпреварот кога по 7.минути игра имаше предност од 1:4. Полека ги консолидиравме редовите и започнавме да играме добро. Со два последователни гола на Дона Тодоровска најпрво намаливме на 3:4, додека со погодокот на Дафина Соколовка успеавме да го израмниме резултатот на 4:4 во 12.минута по што тренерот на Стружанка побара минута одмор.

    Продолжи нашата серија и во следните минути, кога на нашиот гол неколку одбрани забележа Тамара Ѓорѓиева, за тоа да го наградат Мила Ристовска и Дафина Соколовска за наша серија од 5:0 и водство од 6:4 по 16.минути игра на овој натпревар во кадетската лига. Противникот не дозволи да се одлепиме резултатски, следеше нивна серија од 0:3 и повторно предност од 6:7 во 20.минута од натпреварот. Беше голема желбата и кај двете екипи за надигрување и секако победа во овој дерби меч. Со два последователни голови од седум метри на Ристовска го израмнивме резултатот на 8:8, но на полувреме тимот на Стружанка имаше водство од 9:11.

    Во вториот дел на голот застана и Зорица Хасаноска која исто така имаше неколку одбрани. По пет минути игра во овој дел, Леона Миленкоска донесе израмнување на 13:13, додека резултатот беше нерешен 16:16, кога со наша мини серија и гол на Соколовска, повторно ниту една од екипите немаше предност. Избраничките на Платон и Папуџиева во еден момент беа поблиску до победата кога со погодокот на Миленкоска имавме водство од 19:17 во 54.минута, а имавме и напад за плус три кој не успеавме да го искористиме.

    Гостинската екипа со серија од 0:3 поведе со 19:20, ние и промашивме пенал, но сепак успеавме да го израмниме резултатот на 20:20. Имавме и 15.секунди напад за победа, но Стружанка се одбрани и натпреварот заврши со нерешен резултат.

    Вардар: Хасаноска, Стојанова, Франгоска, Божиновска, Јанева, Дамјаноска 1, Ѓорѓиева, Павичевиќ, Ристовска 5, Тодоровска 4, Соколовска 1, Милевска, Петрова, Поповска, Миленкоска 6, И.Соколовска 1 и Д.Соколовска 3