Skip to content
Дома » Вести » „Бронза“ за црвено-црните пионерки за сезоната 2023/24

„Бронза“ за црвено-црните пионерки за сезоната 2023/24

    Вардарки денес беа дел од натпреварот за „бронза“ на завршниот Ф-4 турнир кај пионерките. На оваа средба дојдовме до победа и 3.место по триумфот над Делчево со резултат 30-26.

    На почетокот на натпреварот ние поведовме со 2-0, по неколку добри одбрани на голманот Ангелов и по пеналот на Мила Ристова во 3.минута. Делчево врза три гола и ја презема предноста, ние вративме со иста мерка и со погодоците  на Дамјановска Сара и  Тодоровска Драгана  поведовме со 5-3.

     Тимот од истокот на Македонија не се предаваше па успеа да ја врати резултатската симетрија на семафорот во Автокоманда кога изедначи на 7-7. Од овој момент па се до крајот на првиот период на ова мало финале се играше околу реми резултатот, па така и завршија првите 20.минути на овој натпревар. На одмор се замина со резултат  13-13, идентичен  резултат со кој заминавме на полувреме и на утринското полуфинале на оваа завршница.

    Во вториот дел двата тима отворија со по три гола и понатака беше реми, односно 16-16. Вардарки полека тргнаа на резултатски план да бидат во предност, тоа  беше претежно со гол до два се до 23-21. Успеавме да заиграме подобро во одбраната и го направиме клучниот исчекор за бронза кога поведовме со четири гола при 27-23, по тој момент веќе се насетуваше нашиот успех. Мајсторски до крајот го доведовме дуелот до победа која дојде со резултат 30-26.

    Вардар: Петровска, Гроздановска, Стојанова 3, Ангелов Инес, Јанева 3, Ристовска  Мила 8, Здравковска, Дамјановска 4, Тошевска, Манева 2, Ангелов Ноели, Херин, Петровска, Тодоровска 5 и Ристова Сара.