Илиќ: Ќе дадеме максимумот во полуфиналето

🔷️Во петок не очекува настап во Радовиш, црвено-црните избранички на Анжела Платон ќе настапат во полуфиналето од Купот на Република Македонија. На завршниот Ф-4 турнир ривал ни е бранителот на пехарот, Ѓорче Петров. За овој натпревар свое видување даде капитенот, Илиќ Андреа која вели:

🔷️Во полуфиналето на завршниот Ф-4 турнир за противник ја имаме екипата на Ѓорче Петров-ЖРК, ждрепката ни донесе исклучително јак ривал во Куп завршницата. Заедно со девојките ќе го дадеме својот максимум, сакаме да одиграме еден квалитетен Куп натпревар, со многу борба и желба за квалитетен настап на нашиот тим.