Пораз на пионерките од Астибо

  • Пионерките на Вардар денес беа домаќини на Астибо. На натпреварот на кој бевме домаќини претепевме пораз со резултат 18:25 (8:13).

Натпреварот започна рамноправно со игра гол за гол. На семафорот во салата Круме Кепески стоеше 4-4 по голот на нашата Гроздановска во 7.минута. Следеше период во кој гостинот од Штип доминираше, па со серија 0-5 тие поведоа со високи 4-9. До крајот на првиот дел успеавме да ја стабилизиравме играта и на секој погодок на противникот враќавме со иста мера па па пауза заминавме со резултат 8-13.

Вториот дел беше во ритамот на финишот на првиот период на овој пионерски ракометен женски натпревар. Двата тима постигнаа по десет гола во мрежата на ривалот до пред финишот за резултат, 18-23. Штипјанки на крајот со два врзани гола ги постигнаа конечните на оваа средба 18-25. Кај црвено-црните дами Гроздановска Марија со пет гола беше прв стрелец на натпреварот.

Вардар: Живановска, Стамчевски, Гроздановска 5, Тошевска, Атанасовска 4, Милошевска 3, Смилевска, Здравковска 2, Павлевски, Петровска 4, Маневска и Лековска.