Skip to content
Дома » Вести » Младинките со „една рака врз пехарот“, убедливи и со Шампион

Младинките со „една рака врз пехарот“, убедливи и со Шампион

    Лидерот во младинската лига денес во салата ‘Круме Кепески” ја пречека младинската екипа на Шампион. Го оправдаме епитетот лидер и фаворит и убедливо победивме со резултат 52-10

    Првиот дел го започнавме со погодок на Радевска и Коцева Борјана, ривалот врати за 2-2 нивни последен пат да имаат активен резултат на дуелот во 3.минута. Во следните пет минути ги затворивме приодите кон голот на Ѓорѓиевска Вероника, направивме серија 4-0 и со голот на Милевска поведовме со 6-2.

    Веќе во 13.минута се беше решено прв пат отидовме на двоцифрена предност кога погоди Велјаноска за 14-4, а тренерот на гостите Цивлачки побара минута одмор. Сето тоа не смени многу ние до крајот на првиот дел речиси ја дуплиравме предноста, на одмор заминавме со високи 26-7.

    Во вториот дел во игра се смени целиот ростер, сепак лидерот на табелата нашиот младински тим кој ја брани титулата во оваа конкуренција доминираше во сите аспекти на ракометната игра. Победата беше убедлива и дојде со резултат 52-10. Вардар ита кон одбраната на оваа титула од минатата сезона, одлични беа сите девојки, голманот Вероника Ѓорѓиевска се истакна со 20.одбрани.

    Вардар: Ѓорѓиевска (20.одбр), Трпкова 6, Соколовска 4, Борјана Коцева 4, Радевска 2, Попова 1, Милевска 4, Бојана Коцева 6, Шехтанска 3, Миленкоска 2, Тодоровска 3, Хасановска, Велјаноска 4, Франгоска 6, Попова 5, Симоновска 2,