Пионерките ги очекува 1/4финале за пласман на Ф-4, активни викендов младинките и сениорките

🔷️Изминатиот викенд завршија возбудувањата во кадетската лига, Вардар стана шампион на Македонија. Овој викенд не очекува уште еден важен натпревар за пласман на Ф-4.
Утре, сабота сме домаќини во Круме Кепески на РК Струга.Овој 1/4-финален натпревар се игра со почеток во 12:30 часот. Победникот од двомечот ќе игра за пехар на Ф-4 турнирот. Станува збор за прв натпревар, реваншот се игра кај стружанки.
🔷️Покрај ова активни викендов се и младинките кои утре, сабота гостуваат кај Ѓорче Петров-ЖРК, дуелот е закажан во 14:00 часот. Ден по тоа ,сениорките исто така играат натпревар во гости, гостување е во градот Куманово кај истоимениот тим. Натпреварот се игра во 12:00 часот.