Без бодови од Автокоманда

Сениорките на Вардар гостуваа кај тимот на Металург Автокоманда, на овој дуел од плеј-офот домаќинот дојде до победа со резултат 30-19.

На почетокот отвори домаќинот со погодок, потоа ние вративме преку Поповска Јасмина и Миленкоска за наша предност 1-2 во 3.минута. Се играше претежно гол за гол, двата тима беа околу резултатска симетрија. Така точно на средината на првиот период на семафорот во салата Автокоманда беше 5-5, по погодокот на Кимовска за црвено-црните девојки. Сино-белите дами успеаа потоа да се одлепат и на одмор да заминат со три плус, односно со резултат 13-10.

На почетокот на вториот период на овој суперлигашки натпревар од плеј-офот игравме рамноправно, гол за гол. Па по десетина минути ракомет беше 19-16. Потоа се до крајот на натпреварот домаќинот доминираше и оствари победа над нас со крајни 30-19.

Вардар: Трифуноска, Ј.Попова 2, Ивона Кимовска 2, Божиновска, Н.Попова, Неделковска 1, Голабоска, Велјаноска 1, Илиќ 2.одбр, Хасановска, Богоеска 6, Ива Кимовска, Поповска, Миленкоска 7, Ѓорѓиевска 12.одб, и Милевска.