Skip to content
Дома » Вести » Кадетките подобри од Илинден

Кадетките подобри од Илинден

    КАДЕТКИТЕ СО 2/2 ВО ЛИГАТА

    Кадетскиот тим денес гостуваше кај екипата на РК Илинден од истоимената населба, во рамките на 2.коло. Девојките на Платон Анжела и Папуџиева Марија остварија триумф со резултат 20:25. Вардарки имаат максимални 6.бода по две кола.

    Отворивме добро со 0-2, по погодокот од пенал на Леонида Миленкоска. На нашиот гол Хасаноска Зорица имаше добар влез во натпреварот. Домаќинот ја подобри играта, успеаа да направат пресврт девојките на Јанев и поведоа со 6-5. Вардарки не дозволија домашните девојки да се одлепат и влегоа во ритам, со серија 0-4 ние направивме пресврт и со голот на Дамјаноска Сара поведовме со 6-9 во 19.минута. Најголема предност имавме кога Ристовска Сара погоди за 6.предност на 3.минути до крајот на првиот дел кога беше 8-14. На одмор заминавме со предност од пет погодока, односно со резултат 10-15.

    На почетокот на вториот дел по одбрана на нашиот голман Тамара Ѓорѓиева, погодивме преку Мила Ристовска за комотни 10-16. Токму оваа предност беше загрозена, домаќинот направи серија од 5-0 и дојде на гол негатива, водевме само со еден погодок при резултат 15-16. Сепак се издигнавме, од минута во минута ја зголемувавме разликата, па на крајот победивме со пет гола предност, идентична разлика од првиот дел. Триумфот дојде со резултат 20-25.

    ВАРДАР: Хасаноска, Станковиќ, Стојанова, Франгоска, Јанева 2, Дамјаноска 3, Ѓорѓиева, Павичевиќ, М.Ристовска 3, Тодоровска 5, Смилевска, Попова 2, С.Ристовска 1, Соколовска 2 и Миленкоска 7????